Виенски институт за меѓународни економски студии: Северна Македонија бележи „прилив на мозоци“

Скопје, Камени мост/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Додека Западен Балкан како регион во целина се соочува со „одлив на мозоци”, студија на Виенскиот институт за меѓународни економски студии покажува дека Северна Македонија, Србија и Црна Гора бележат појава на обратен процес меѓу високообразованиот кадар, нешто што се нарекува „прилив на мозоци“, наведува лондонскиот портал „Емерџинг Јуроп“.

Според порталот, миграцијата не е нова појава во земјите од Западниот Балкан, било од политички или од економски причини, па регионот одамна важи за „нето извозник на луѓе”, особено кога станува збор за младите.

Но, во извештајот на Виенскиот инситут се посочува дека додека Албанија, Босна и Херцеговина и Косово бележат висока стапка на иселување на високо квалификувани и образовани работници, во Северна Македонија, Србија и Црна Гора е регистирран прилив на ваков кадар.

Според Институтот, во Северна Македонија, Србија и Црна Гора емиграцијата е најизразена кај лицата на возраст од раните 20-години, односно оние со завршено средно образование, но има тенедниција на враќање во овие три земји на лица со високо образование.

– Авторите на студијата заклучуваат дека „приливот на мозоци“ е резултат на враќање на лицата во своите матични земји по завршувањето на високото образование во странство, додава „Емерџинг Јуроп”.

Институтот посочува дека овие три земји треба да се погрижат добро да го искористат „приливот на мозоци”, со спроведување на политики што ќе овозможат искористување на увезеното знаење од кое вистинска полза ќе имаат домашните економии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот