Виенски економски форум – нови перспективи за Република Северна Македонија

фото: МИА

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија”.

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот