Виена: Затворено основно училиште, наставник бил заболен од Ковид-19

Децата се вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.

Основните училишта во Австрија започнаа со работа, по двомесечната пауза поради пандемијата на новиот коронавирус, но во Виена поради сомневање за појава на инфекција, затворено е едно училиште.

Директорката на училиштето од 18-та област во Виена, вратилa дома 200 ученици, бидејќи постои сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19.

Наставникот пријавил боледување во саботата.

Децата се вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.

Надлежните органи на градот Виена покренаа истрага за овој случај, а Министерството за образование најави изработка на план за вакви случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот