Виена: Во седиштето на ОН 43 лица позитивни на Ковид-19

Обединети нации /Фото: МИА

Се поголем број луѓе се заразени со новиот коронавирус во седиштето на Обединетите нации во Виена.

Здравствената служба во седиштето на ОН во Виена соопшти дека се откриени пет нови случаи на инфекција со вирусот.

Станува збор за три лица кои работат во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), едно во Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ), како и едно лице во Организацијата за индустриски развој на ОН (УНИДО).

Вкупниот број на луѓе вработени во седиштето на ОН во Виена, кои биле позитивно тестирани на коронавирусот, е 43″, соопштија здравствените власти.

Се додава дека 36 позитивно тестирани биле излекувани во меѓувреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот