Виена: Во ресторан се степале 50 членови на едно семејство, полцијата морала да бара засилување

Архива на СП

Дури 50 луѓе учествувале во голема тепачка во Виена, кога членови на едно српско семејство се собрале во еден тамошен ресторан. По настаните, реагирала полицијата и уапсени се четири лица, а во настанот имало и повредени, пренесува „Блиц“.

Многубројното семејство се собрало во ресторан во Виена на семејна прослава во саботата, пишуваат австриските медиуми, но средбата ескалирала по повеќе провокации.

Паднале и тешки зборови, а во еден момент дошло до физички судир меѓу членовите на семејството, за кои порталот „ОЕ24“ тврди дека имаат ромско потекло.

Масовната тепачка се префрлила и на улицата, а полицијата била принудена да интервенира откако вработена во ресторанот повикала полиција. Кога пристигнале на местото на настанот, полицајците затекнале 50 луѓе кои меѓусебно се тепаат. Веднаш повикале засилување, ја блокирале улицата и следеле апсењата.

Четири лица завршиле со лисици на рацете, додека итната помош идентификувала четири повредени. Мотивите за тепачката, бар засега, не се познати, но извесно е дека станува збор за семејни несогласувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот