Виена: Тинејџер 30 пати со нож ја прободел поранешната девојка, лекарите се борат за нејзиниот живот

Фото: МИА

Полицијата во Виена уапси малолетно момче поради сомнение дека со нож задало повеќе од 30 убоди на својата поранешна девојка (16).

Австриецот (16), од турско потекло, наводно во четвртокот попладне ја следел девојата која се враќала дома од училиште. Кога девојката го отклучила станот во којшто живее, тој ја нападнал со нож и ѝ задал повеќе убоди.

Девојката некако успеала да побегне и да побара помош. Таа итно е транспортирана во болница каде лекарите се борат за нејзниот живот, а момчето е уапсено.

16-годишното момче не се противело на апсењето и цело време негирало дека го извршило делото, а како што пренесува „Хеуте“, против осомничениот жртвата и претходно поднесувала пријави за насилство.

Двајцата тинејџери биле во врска нешто повеќе од една година, а наводно истата ја раскинале пред неколку месеци. Оттогаш момчето целовремено ја прогонувал девојката, а повеќе пати и физички ја напаѓал. Таа наводно ја раскинала врската бидејќи осомниченот знаел да биде насилен кон неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот