Виена со нон пејпер повикува на интегрирање на Западен Балкан во ЕУ

Знаме на ЕУ / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Австрија до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“ во кој се залага за нов пристап спрема земјите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“. Ваквите типови на документи кој не се новина изминативе години а се насочени кон забрзување на евроинтеграцијата на регионот, увид во него имала редакцијата на РСЕ.

Како што е наведено во документот, Австрија смета дека кризата која настана поради руската инвазија врз Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западниот Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ па и во неа.

„Мораме да размислуваме преку веќе постојните инстрименти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенција. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат“ се вели во документот.

Во него се наведува дека полната примена на методологијата преставува еден аспекат, но, овој не иструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.

“Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно отуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да премости сегашниот ќорсокак гледајќи на сите опции со отворен ум“ се подвлекува во австрискиот документ.

Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение е наведено дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година, и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ.

Измеѓу другото Австрија предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот