Виена со нетрпение го чека победничкиот „танц“ на Ѓоковиќ!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денеска ќе започне настапот на АТП турнирот во Виена, а прв противник ќе му биде неговиот сонародник и добар пријател, Филип Крајиновиќ.

Планирано е овој српски дуел да се игра на централниот терен во Австрија, значи некаде околу 15.30 или 16.00 часот, со оглед на тоа што програмата ќе стартува во 14.00 часот.

– Овој град има голема енергија и среќен сум што ќе играм во Виена – вели Ѓоковиќ.

Победникот во второто коло ќе игра против Хрватот Борна Чориќ, а во четвртфиналето подобриот би можел да се сретне со Душан Лајовиќ кој турнирот ќе го отвори против „лаки лузерот“ Лоренцо Сонегo во вечерен термин.

Резултатот е 1:1 во меѓусебните дуели помеѓу Ѓоковиќ и Крајиновиќ. Првпат играа во 2010 година кога Ѓоковиќ го предаде мечот во вториот сет во Белград, а втората пресметка ја имаа оваа година во Рим кога првиот светски рекет славеше со 2:0 во сетови.

Воедно овој меч е важен за Ноле поради големата зацртана цел – рушење на Рожер Федерер по бројот поминати недели на првото место на АТП листата, како и израмнување на рекордот на Пит Сампрас по бројот на години завршени на лидерската позиција. До оваа втора цел на Ѓоковиќ му се потребни уште две победи, односно 90 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот