ВИДОЕИНТЕРВЈУ | Скерлев: За антисоцијално однесување во Велика Британија може да лежите во затвор
Од следната година Велика Британија воведува многу поригорозни казни за антисоцијалното однесување. Истражување спроведено во периодот три годинИ покажало дека кражбата на историски знаменитости од културни објекти и локалитети се сголемила за 9% во 2022 година. Еден вид на камен кој постои во Велика Британија и е многу популарен по својата боја и издражливост, бил често мета на кратци, оделе до таму што го корнеле од ѕидовите или од подот на историските згради.
Што е тоа што се случува во Велика Британија и на кој начин планираат властите да се справат односно да го регулираат антисоцијалното однесување во државата ја прашуваме нашата дописничка и колумнистка од Лондон, Жанета Скирлев.
– За една година се регистрирани над 1 милион прекршоци антисоцијално однесување и британската влада реши да преземе нешто во врска со тоа. Реши да го воведе построги мерки за антисоцијално однесување. Министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, најави дека веќе на почеток од наедната година ќе биде усвоен тој закон, ќе биде донесен пред парламентот, кој предвидува многу построги, поригорозни мерки кон прекршителите. Ова се однесува не само на тие што оштетуваат споменици, крадат камења, туку и на тие кои се шетаат пијани и прават проблеми низ градот, тие што со мотори го нарушуаваат јавниот ред и мир – рече Скерлев.
Казните во зависност од стореното дело ќе бидат парични или казна затвор и до две години.
Една од причините, за зголемените девијантни појави во земјата, додава Скерлев е тоа што за разлика од порано во последните години казните не се применувале.
– Психолозите, психијатрите и оние кои ја следат оваа проблематика велат дека зачестените антисоцијални појави се резултат на тоа што казните не се применувале како што било порано, како на пример во 2014 година кога Тони Блер и неговата лабуристичка влада ги поведоа казните за антисоцијалното однесување. Од друга страна денес ако прошетате во петок навечер во Лондон ќе сретнете многу пијани луше кои прават проблеми – рече таа.
Според Скерлев сиромаштијата исто така игра огромна улога за зголемениот број на инциденти.