Видое Ристовиќ починал за време на масажа, Николина Пишек неутешна

Фото: Инстаграм

Сопругот на хрватската водителка Никола Пишек, српскиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ, ненадејно почина на 44-годишна возраст, а тажната вест ја потврди водителката.

Брзата помош ја констатирала смртта на Ристовиќ, пишуваат српските медиуми.

Сега извор за „Република.рс“ ја открил причината за смртта на Ристовиќ, пишува српски „Курир“.

– Видое почина на масата за масажа, во текот на масирањето – навеле тие.

Според изворот на „Курир“, тој во текот на денот се чувствувал добро и не се пожалил на никакви проблеми сè до смртта. Во текот на масажата почувствувал дека не е добро и се пожалил, но веќе било доцна, бидејќи по неколку моменти починал. Откако ги кажал зборовите „не ми е добро“, веднаш изгубил свест и набрзо починал.

По трагичната вест, Николина Пишек веднаш се упатила од Загреб за Белград.

Само неколку часа претходно, српскиот историчар на уметност се пофалил дека нивната ќерка Уна Софија (7) е заинтересирана за уметнички дела како него, споделувајќи фотографија од неа во музеј во Мадрид, каде што неодамна биле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vidojeristovic (@vidojeristovic)

Да потсетиме, Ристовиќ живееше и работеше на релација Белград – Загреб. Николина и Видое се венчаа во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија ќерка на која ѝ го дадоа името Уна Софија.

Видое Ристовиќ завршил основно и средно училиште во Белград, а дипломирал историја на уметност.

– Сакаме да се израдуваме еден со друг со подароци, повеќе Видое мене, но и тоа се редуцира. Помина многу време и тој веќе не ме доживува веќе толку сериозно. Секако, убаво е да израдувате некого со подарок, но не треба да чекате некои посебни датуми, туку тоа да го направите спонтано. Мажите се опуштаат по неколку години, но тоа е добро бидејќи е тешко да се одржи напнатоста од почетокот. Најубаво е кога покрај некого можеш да се опуштиш и да ја пуштиш сопирачката, да тече само со својот тек. Јас сум таа што забележува, па тој не може да дојде до израз – раскажала водителката за бракот со него.

Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек: Скршената водителка ја потврди тажната вест

Николина Пишек тврди дека ѝ украле пари и накит во вредност од 275.000 евра, еве што сè ѝ недостасува

Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени во бессознание во нивниот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот