Видиновски: Нападот врз новинарите ќе се смета за напад врз службено лице

Александар Видиновски

Портпаролот на Министерството за правда, Александар Видиновски најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот брз новинарите ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни.

– Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање, истакна Видиновски за емисијата „25 Минути”.

Според портпаролот на Министерството за правда во измените на законот покрај новинарите, се вметнати и медиумските работници, односно и снимателите.

– Многу често зборуваме за напад врз новинари, но факт е дека и снимателите на терен, исто така се цел на напади, навреди и закани. Со измените на Кривичниот законик и нападот врз нив ќе се смета за напад врз службено лице, рече Видиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот