Видете која земја оваа година уапси најмногу новинари

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Кина оваа година уапси најмалку 48 новинари, повеќе од било која друга земја, заменувајќи ја Турција на првото место на оваа листа како најсурова земја за таа професија, објави денеска Одборот за заштита на новинарите (CPJ).

Најмалку 250 новинари се уапсени ширум светот оваа година, се вели во извештајот на одборот кој ги обновува подоатоците секоја година. Минатата година имаше вкупно уапсени 255 новинари, додава известувањето.

Во Кина, во споредба со минатата година, оваа бројка се зголемила за еден. Се забележува и дека „бројката постојано расте откако престедателот Си Џинпинг ја зацврстил политичката контрола над земјата и започнал посериозно да ги контролира медиумите“.

Во известувањето особено се истакнува провинцијата Синџијанг, во која милиони членови на муслиманските групи се префрлени во логори, што придонело за апсење на десетина новинари, меѓу кои и некои членови кои веќе биле во затвор поради новинарска работа во минатите години.

„Можете да бидете среќни што работите во Пекинг“

Запрашана за извештајот на редовната новинска конференција во Пекинг, портпаролката на министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг рече дека CPJ нема никаков кредибилитет.

– Можете да бидете среќни во Пекинг, а не во Вашингтон – им порача таа на новинарите.

Турција оваа година уапси 47 новинари, помалку во однос на минатата година, кога беа уапсени 68 лица. Саудиска Арабија и Египет 26, Еритреја 16, Виетнам 12 и Иран 11 лица, стои во известувањето.

Во него се нагласува дека авторитаризмот, нестабилноста и протестите оваа година придонеле за зголемување на бројката на уапсени новинари на Блискиот исток.

Најмногу новинари се уапсени поради известување на политика, човекови права и корупција. Околу осум отсто од затворените новинари биле жени, што е пад во однос на 2018 година година таа бројка изнесувала 13 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот