Видете како новата опција на Вибер ќе ви помогне подобро да го организирате времето

Фото: Профимедиа

Популарната апликација за комуникација Вибер најави глобално претставување на нова функција, која на корисниците би требало да им ја олесни организацијата на времето.

Станува збор за фунција со името „My Notes“, со чија помош корисниците ќе можат да ги организираат своите вообичаени и особено важни активности и притоа да си ги олеснат своите дневни обврски.

Како што се наведува во соопштението, од Вибер на овој чекор се одлучиле за корисниците полесно да можат да ги организираат активностите, а притоа да не бидат принудени да користат друга апликација.

„My notes“ ќе биде нов регистар во приказот на разоговорите во корисниците, кој ќе помага при сортирање на списоци на обврски, фотографии, потсетници и слично.

Што сѐ овозможува „My notes“:

1. Создавање на списоци за претстојни обврски, кои може да се штиклираат кога се завршени

2. Чување на омилените пораки, видео клипови или фотографии на едно место

3. Синхронизација на податоци меѓу било кои уреди (мобилни телефони, десктоп компјутери или таблети)

4. Закажување на потсетници за најважните белешки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот