(ВИДЕО)Заев: Нашиот народ е желен за правда, сега на ред е Европската Унија

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Сега на ред се ЕУ и земјите членки- рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Денеска имаме слобода, пратениците донесоа цела една лепеза од законите поврзани со судството, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од бината поставена пред судовите.

-Отворивме  ново поглавје во праводуството, огромно мнозинство од пратеници застанаа зад Законот за ЈО, кој е темел на градењето силна независна и ефикасна правна држава. Зад него застанаа 80 пратеници, зад него застанаа и граѓаните и стручната јавност, зад него застанаа нашите пријатели од ЕУ и САД.  Со овој закон ќе се завршат сите постапки од СЈО, ќе имаат правна разрешница, врз основа на фер и транспаренти постапки- рече Заев.

На обвинетите ќе им се суди врз основа на закони, рече Заев, а бомбите ќе бидат само индиција.

-Нема скриена амнестија, секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност, нашиот народ е желен за правда, за правична правда, Сега на ред се ЕУ и земјите членки- рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Успеавме да обезбедиме двотретинско мнозинство, да ги поздравиме нашите 80 пратеници од македонскиот парламент, рече Заев.

-Нути ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не ви можат ништо, на вас е почитувани обвинители да ја испорачате правдата на нашата држава. Затоа денеска чекориме, затоа што горииме, затоа што сакаме правда во нашата земја, таа доаѓа бавно, но доаѓа- рече Заев.

Ни треба правна држава, ни треба закон еднаков за сите, тоа значи подобра економија, повеќе инвестиции. тоа  значи дека младите ќе останат во нашата држава, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот