Видеото со наводната „палата на Путин“ е прегледано повеќе од 100 милиони пати

Видеото со наводната „палата на Путин” направено од уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални е прегледано повеќе од 100 милиони пати, покажуваат податоците кои денески ги објави компанијата Јутјуб.

Тимот на Навални објави видео во кое се покажува целиот сјај на палатата, која, според нивните тврдења, му припаѓа на претседателот на Русија Владимир Путин.

По тој повод, Путин изјави дека тој не е сопственик на палатата, ниту некој од неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот