ВИДЕО | Потегот на Додик да донесе хармоникаш во зградата на претседателство е „капка што ја прели чашата“, се бара забрана за негово занимавање со политика
Група незадоволни граѓани се собраа денеска на протести пред зградата каде што е сместена канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ во Сараево.
Според локалните медиуми, насобраните протестираат против наводното уништување на уставно-правниот поредок на Босна и Херцеговина.
Демонстрантите за порталот „Кликс“ изјавија дека постапката на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, да донесе хармоникаш во кабинетот, ја прелеала чашата и дека биле предизвикани да излезат на улица и да го кренат својот глас во врска со актуелната политичка ситуација во федерацијата.
Носејќи транспаренти со порака – Уставот и на БиХ и на Германија подеднакво мора да се почитуваат“, граѓаните побараа од високиот претставник на БиХ Кристијан Шмит, забрана за политичка активност на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, претседателката на РС Жељка Цвијановиќ, претседателот на Народното собрание на РС Недељко Чубриловиќ.
– Високиот претставник на меѓународната заедница има моќ да ги смени политичарите кои работат на уривање на уставниот и правниот поредок – порачаа насобраните демонстранти .
Тие на протестот порачаа дека меѓународната заедница треба да биде многу поактивна и дека Високиот претставник не треба да бега од овластувањата кои ги има доколку е потребно, пренесува порталот „Кликс“.
Блокадата на федералните институции на Босна и Херцеговина трае повеќе од три месеци, откако поранешниот висок претставник Валентин Инцко воведе закон за негирање на геноцидот. Претставникот на Србите во Босна, Милорад Додик, не го признава новиот претставник на меѓуанародната заедница Кристијан Шмит и не учествува во работата на заедничките институции се додека не се повлече спорниот закон.
Романијо горо од јунака 🎶🎵 pic.twitter.com/1qHZqqj6J9
— СНСД (@SNSDDodik) October 18, 2021
Неодамна Додик донесе хармоникаш во зградата на федералната зграда и заедно со своите најблиски соработници пееше српски песни, што од страна на другите два ентитети во Босна беше протолкувано како провокација и омаловажување на федералните институции.