ВИДЕО: Осум полицајци во САД застрелаа невооружен Афроамериканец, кој имал 60 прострелни рани

пукотница акрон охајо
Акрон, Охајо / Принтскрин од снимките кои ги објави полицијата

Осум полицајци во градот Акрон, сојузната држава Охајо, САД, учествуваа во пукотница во која загина невооружен Афроамериканец, чие тело беше пронајдено со околу 60 прострелни рани, покажуваат полициските снимки.

Полицијата објави неколку видеа на прес-конференција, а на едно од нив се гледаат истрели од автомобилот управуван од Џејланд Вокер (25), кој беше убиен од полицајците.

Вокер истрчал од автомобилот откако полицијата се обидела да го запре поради полесен сообраќаен прекршок. По неколкуминутната потера, Вокер излегол од автомобилот и побегнал од полицијата, која почнала да пука кон него покажува видеото.

Полицијата соопшти дека тој ги нападнал полицајците, кои помислиле дека е вооружен.

Во неговиот автомобил подоцна бил пронајден пиштол.


Адвокатот на семејството Вокер, изјави ндека е длабоко вознемирен од полициските наводи дека Вокер пукал кон полицајците од својот автомобил, додавајќи дека нема оправдување за неговото убиство .

– Сакаат да го претворат во чудовиште со пиштол – изјавил адвокатот кој ја повика јавноста на протести поради монструозното убиство на Вокер.

Ова е најниско во серијата убиства на Афроамериканци од страна на полицијата во САД.

Критичарите тврдат дека овие убиства се неоправдани, како што беше убиството на Џорџ Флојд во 2020 година во Минеаполис, што предизвика глобални протести против полициската бруталност.

Видео на денот