ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ваљон Салиху и Јана Иванова: „Навигатор“ – онлајн игра со која ќе се едуцира општеството за човековите права

Ваљон Салиху - „Јуро хаус“ и Јана Иванова - Македонско здружение на млади правници

По повод Меѓународниот ден на човековите права, „Јуроп хаус“ има за цел да го сврти вниманието на домашната јавност и одговорните институции кон состојбите со почитувањето на човековите права како што се универзалните принципи и вредности во светот, но и во земјава. Токму една од нашите идеи како тоа најлесно и најдостапно да го сториме во општеството и да допреме до сите целни групи – од оние најмладите до повозрасните – се одлучивме на иновативен пристап преку игра, односно интерактивен квиз. На тој начин учесниците да ги збогатат своите знаења за темите поврзани со човековите права. Ова меѓу другото го истакнаа Ваљон Салиху, претставникот за медиуми на „Јуроп хаус“ и Јана Иванова од македонското здружение на млади правници.

-„Јуроп хаус“ оваа година прави активности генерално за млади за општеството. Оваа година решивме меѓународниот ден на човековите права да го одбележиме малку по различно и дојдовме до идеја како да ги едуцираме младите и пошироката јавност и истовремено тоа да биде и на забавен начин. Идејата беше да направиме мала игра, којашто освен едукативниот дел и забавниот има и дел со наградување. Играта се вика „Навигатор“ која преку интерактивен пристап со прашања и одговори за човекови права се учат основните постулати за оваа област – вели Салиху.

Од друга страна Јана Иванова, правник од МЗМП вели дека годинава се одбележуваат 76 години од универзалната декларација за човекови права беше потпишана од Генералното собрание на Обединетите нации и оттогаш па наваму многу е сменето кога станува збор почитувањата, принципите и нормите за човековите права во светот.

-МЗМП од самото создавање односно пред 21 година па се до сега се занимава конкретно со поткрепа и поддршка на човековите права и тоа од различни полиња на правото и тоа всушност не направи компетентни со „Јуроп хаус“ за да ја прифатиме понудата за соработка и да создадеме одредена база на прашања коишто ќе бидат одговарани во играта на играчите. Моите колеги коишто имаат остварено експертизи во конкретни правни полиња ги презедоа своите улоги и ја создадовме таа база на информации во играта. Гледавме „Навигатор“ преку аваторот „Нави“ да ги води играчите и да им пренесе знаење низ девет планети кои се обработуваат теми како здравство, животна средина, детски права, Европска конвенција за човекови права, дискриминација, трговија со луѓе,заштита на потрошувачите, азил и миграции, како и заштита на лични податоци – вели Иванова.

Како што појаснуваат и Салиху и Иванова играчите кои ќе освојат најмалку 60 поени ќе се квалификуваат во извлекувањето за главната награда која ќе биде ИТ ваучер во вредност до 60.000 денари, како и дополнителни награди обезбедени од Делегацијата на Европската Унија, Обидидинетите Нации и амбасадите на земјите-членки на ЕУ.

Извлекувањето ќе се одржи на 25 декември 2024 година, во 12.00 часот со транспарентен и анонимен процес подвлекоа гостите а објавената игра можете да ја погледнете на следниот линк.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот