ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Кралското семејство работи, највредна е принцезата Ана, а најмрзлив е принцот Ендру

Жанета Скерлев / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Богатството на британското семејство отсекогаш било предмет на дискусија, од каде им се толку пари, кога практично не заработуваат, многумина ќе речат „само трошат“, „тие се товар на државата“ итн. Кралското семејство има огромно наследство, до 1760 година земјиштето низ целата земја било кралско, но тогаш кралот Џорџ се откажал од делови од имотот во замена на кралски грант и оттогаш државата почнал на некој начин да го „издржува“ кралското семејство. Дополнително монархијата се финансира и од даноците на Британците.

Револтот, во некои делови на Велика Британија, (особено се забележува во Ирска, Шкотска) доаѓа од таму што не знаат каде одат нивните пари и на што се трошат, не постојат никакви детални извештаи за тоа како кралот, кралицата и останатите членови се однесуваат со парите, , но не и во Англија. Англичаните го имаат прифатено дека тоа е традиција, вели за „Слободен печат“ Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.

-Според последните анкети над 60 отсто од Британците имаат позитивно мислење за кралското семејство, 35 отсто имаат негативно мислење, но деновиве беше скроен новиот буџет и најава дека ќе има зголемување на даноците, тука се поставува прашањето додека ние, обичниот народ, штедиме и кратиме, кубуриме со скапотијата, што прави аристократијата со парите? Според најновите извештаи на антимонархистичкото движење кралското семејство ги чини Британците 510.000.000 фунти годишно. Од друга страна финансискиот кнсултант на кралското семејство негира, тврдејќи дека само 86.000.000 фунти „тежи“ кралското семсјтво – вели Скерлев.

Кога кралското семејство поминува не се затвораат улиците, како на пример кога во Македонија поминува некој функционер, како што објаснува Скерлев, таа дури имала прилика да ја сретне принцезата Ана на улица, но сето тоа чини многу пари додава таа.

Кралското семејство е најголемиот магнет за привлекување на туристи во Англија, на тој начин државата добива пари, но се поставува прашањето дали некој од нив некако заработува.

-Монархијата на критиките одговара со тоа што кажуваат дека за суверениот грант што го добиваат од државата тие даваат добра вредност, бидејќи работат. Минатата година тие имале разновидни 2.700 настани, над 95.000 гости кои ги пречекале, еве и нашите амбасадори, политичари кои доаѓаат во нглија одат на прием кај кралот. Највреден од нив е принцезата Ана, сестрата на кралот, а најмрзелив принцот Ендру, братот на кралот – вели Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот