ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мирчески: Националниот совет за медијација треба да биде изменет во неговиот состав

Борче Маровски/ Фото: Слободен печат / Методиј Здравев

Проблемот со издавањето на лиценците на медијаторите го наследив од претходното раководство на Националниот совет за медијација. Медијаторите претставуваат важна алка во решавањето спор и за да ја вршат медијацијата мора да имаат лиценца. Битно е да се укаже дека дел од медијаторите имаат важечки лиценци, а со моето именување потпишав 25 лиценци на други медијатори. Намерата ми е сите 45 медијатори да добијат лиценца без ограничување на рокот на нејзината важност, како што е предвидено со законот. Ова го изјави Борче Мирчески, национален координатор на Националниот совет за медијација во емисијата Слободен печат.

Според Мирчески, проблемот е комплициран и со неговото именување ќе се обиде да го реши зашто верува во луѓето и има позитивна мисла и пристап во решавање на проблемите.

– Факт е дека јас се обидувам да го решам проблемот и не знам медијаторска дали ќе успеам. Откако ги запознав сите медијатори, потоа членовите на НС, како и членовите на органите на комората на медијатори и состојбите што постојат, мене ми стана јасно дека на медијаторите им треба медијатор. Со издавање на лиценци на 25 медијатори дел од проблемот го решивме што е повеќе од половина од вкупниот број на медијатори. Мојата определба е да ги решиме постојните проблеми, а не да правиме нови. Истовремено, при вршење на мојата работа имам опструкции, а мојот интерес е сите медијатори од „именикот“ да добијат лиценци. Ако бидам прашан Националниот совет за медијација треба да претрпи измени во својот состав и според законот националниот координатор има можност да предложи нови членови, изјави координаторот Мирчески.

Повеќе од интервјуто со Мирчески во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот