ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мирче Адамчевски: Војната во Украина ќе заврши кога ќе каже Русија, а не само Западот

Мирче Адамчевски/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Она што е важно да се спомене кога се говори за какви било мировни решенија за Украина е тоа дека треба да го дочекаме новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да седне на позицијата. Патот до мир ќе биде многу тежок, да не се залажуваме, тоа е така бидејќи тешко може да се постигне прекин на воените дејствија. Трамп може да притиска, но на теренот не е толку едноставно. Секако, покрај САД како воена и економска сила, одлучувачки збор за мир дефинитивно ќе има и Русија. Без нејзина согласност тешко дека ќе имаме мир, вели Мирче Адамчевски, долгогодишен новинар и познавач на состојбите во Украина и Русија.

– Од она што е најверојатно е дека притисоците на Трамп ќе бидат насочени кон тоа да се прекинат огнените престрелки на линијата на фронтот кон двете страни. Ова можеби по мене би било најбрз возможен чекор кој би можел да го преземе новата администрација во Вашингтон. Сепак, негирањето за евентуален прекин на огнот од Русија за ова доаѓа во момент кога руската армија е во една подобра состојба на терен во Украина. Тоа ѝ дава комфорност овој предлог можеби и да го одбие. Русија верува дека доколку има прекин на војната, Западот преку Украина ќе се прегрупира и ќе настојува во иднина украинската војска да направи контраофанзива, а на Москва во моментов тоа не ѝ одговора – вели Адамчевски.

Повеќе од разговорот со новинарот Адамчевски можете да погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот