ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Милован Јовановиќ: Можен е втор живот на Исламската држава во Сирија

Заземањето на вториот по големина град во Сирија, Алепо, од страна на паравоените милиции поддржани од опозицијата во земјата се случи само неколку дена откако беше потпишан договорот за прекин за огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан. Засега, точно не се знае кои се точните причини за операциите кон режимот на Башар ал Асад, но сето ова говори дека може да дојде до оживување на Исламската држава. Дали некои нејзини ќелии во целост ќе се обноват, во која големина и каква сила таа може да прерасне, сè уште рано е да прогнозираме, сепак, мора да видиме како состојбите ќе се одвиваат во периодот што следи, вели српскиот новинар и политички коментатор Милован Јовановиќ.

– Пред воената интервенција на опозициските милиции во Сирија претходеа неколку фактори што го навестуваа бунтот. Лошата социо-политичка состојба во земјата беше една од нив. Од 2017 година во Сирија се чинеше дека Башар ал Асад ја заврши работата и дека тој е апсолутниот лидер на земјата откако беше поразена Исламската држава со помош и поддршката на Русија и Иран, каде тој успеа да ја сочува својата власт. Потоа, следеше договорот меѓу Путин и Ердоган. Од тогаш до сега ништо не се случуваше или навестуваше во земјата дека може да дојде до ова. Сепак, слабата економска позиција на владата, лошиот живот на граѓаните се едни од причините поради кои дојде до воен бунт против Асад – објаснува Јовановиќ.

Јовановиќ посочува дека војната во Украина, но и останатите состојби во светот каде што се загрозени руските интереси, во моментов не дозволува Москва да пружи поддршка кон Асад што отвора низа дилеми каде и како ќе се одвива последниот воен конфликт во земјата.

– Иран преку Хезболах, кој има традиционално добри врски со властите во Сирија, исто така се наоѓа во незавидна состојба имајќи го предвид конфликтот со Израел и обезглавувањето на милитантната група од страна на израелските воени сили. Сето ова навестува дека сојузниците на Асад нема да бидат во состојба да го заштитат како што се правеше во 2015, 2016 и 2017 година. А без поддршката на Иран и Русија, Асад би бил симнат од власт во земјата – резимира Јовановиќ и додава дека нападот во Сирија не би можел да се случи без претходно знаење и поддршка на Турција и останатите големи сили.

Повеќе од разговорот со српскиот новинар и аналитичар Јовановиќ во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот