ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Михал Вит: Се сомневам дека Владата има капацитет да ги спроведе уставните измени
На владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во моментов ѝ недостасува мотивација за да ги спроведе уставните измени кои се неопходни за продолжување на евроинтегративниот пат, но и се посочени како круцијални од страна на Европската комисија во последниот извештај за напредокот на земјава. Тоа е така бидејќи Владата од една страна нема капацитет да ги спроведе уставните измени, но и од друга страна недостасува јасен политичкиот импулс од Америка и ЕУ дека Македонија навистина треба да влезе во Унијата. Ова меѓу другото го истакна Михал Вит професор на Универзитетот „Метрополитен“ во Прага.
– Едно е јасно дека во новиот извештај на ЕК нема ништо ново што се однесува на напредокот на земјава кон ЕУ. Но, доколку сакаме да видиме зошто тоа е така првенствено треба да ги проанализираме работите кои се случуваат внатре во Унијата. Едната слика на состојбите во ЕУ е што треба да се види што е навистина приоритет за Берлин или Париз во моментов кога станува збор за проширувањето. И другата, што е испорачано во однос на реформите од страна на Македонија. Имајќи ги предвид овие состојби на домашен терен засега останува единствената пораката која доаѓа од Брисел за земјава кога станува збор проширувањето а таа е „земи или остави“ – посочува професорот Вит, објаснувајќи дека уставните измени засега е единствениот услов за откочувањето на преговарачкиот процес со Унијата.
Експертот за анализа на политики со фокус на Западниот Балкан, универзитетскиот професор Вит од Чешка коментирајќи го предлогот во домашната јавност за одложена постапката на уставните измени односно да се вметнат Бугарите во Уставот кога земјава би го потпишала договор со Европската Унија, вели дека за жал тоа во моментов не е на преговарачката маса.
– За жал во моментов немаме нов француски предлог. Тоа беше моментум и сега да се разговара за истиот проблем мислам дека е невозможно во ЕУ. Уште еднаш повторувам дека Владата не е во можност да политизира и дома и надвор по ова прашање – посочи Вит.
Повеќе од разговорот со Михал Вит во видеото во продолжение.