ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Матијаж Немец: Србија ни е важен партнер но Вучиќ сака да ја игра улогата на Тито

Eвропратеник - Матијаж Немец

Матијаж Немец беше избран на европските избори во Словенија како единствен европратеник од владејачките социјал демократи. Во изминатиот европратенички мандат Матијаж Немец беше еден од најгласните европратеници кои се залагаа за што поскоро интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ.

– Постојат скептици во ЕУ но јас нив секогаш ги прашувам, што ќе беше денес ЕУ во контекст на актуелната војна во Украина ако Бугарија и Романија не беа наши членки? Што ќе се случуваше на континентот ако овие две земји беа оставени надвор од европските интеграции- вели Немец во интервјуто за Слободен печат.

Тој смета дека Македонија, Црна Гора и Албанија имаат шанси брзо да станата членки. За Србија е скептичен бидејќи како што вели, Вучиќ сака да ја игра улогата на Тито.

Повеќе во интервјуто со европратеникот Матијаж Немец во видеото во продолжение.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот