ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Кочовска: Булингот е тука, треба да се зборува, а не да се затскрива

Александра Кочовска/ Фото: Принтскрин

Александра Кочовска е млада писателка. Зад себе има три дела, две збирки поезија и еден роман, кој е нејзина вистинска приказна. И тоа не било каква, туку лична и тоа за претрпен булинг. За „Слободен печат“ вели дека инспирација за книгата и биле малтретирањата кои ги доживела и пишувањето и било некаков вид олеснување од случувањата.

-Инспирирана од случувања што ги имам доживувано во основното училиште каде трпев булинг долг период, мораше некако да си олеснам, започнав да водам дневник, го опишував секој ден, буквално на училиште со цел да си олеснам. Булингот е сериозен проблем во општеството, кој се затскрива и е табу-тема. Јас сакам да го кренам мојот глас против булингот затоа што е навистина сериозен проблем и не сум единствената жртва на булинг- вели Кочовска.

Александра Кочовска/ Фото: Принтскрин

Таа вели дека многу ученици трпат булинг од различни причини, дали е тоа економска средина, дали е тоа вера и смета дека погласно треба да се зборува на таа тема и да се работи.

-Треба посериозно училиштата да работат на таа тема и да не се затскрива П.оради мојата вистинска приказна, доживеав низа неправди, искрено се гордеам, говорам во името на илјадници жртви на булинг, деца отфрлени во општеството, скршени како безвредно парче стакло, деца без право на детство- вели Кочовска.

Таа зборува за врсничкото насилство, за се поголемиот замав во нашето општество.

-Воопшто не е важно колку години имаш, кое одделение си кога ќе се потсетиш на училишните искуства, на многубројните стресни ситуации во училишниот простор. Тука се училишните служби, пријавуваш насилство, никој мува не го лази…А ти стравуваш која глупост и опасност те очекува утре. Веќе ти е доста од озборување, ширење лаги, исмевање, уништување твои лични предмети. Секако, не ти се оди на училиште- вели Кочовска.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот