ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Да немаме илузии дека новиот претседател на САД ќе се фокусира на Македонија и регионот

Методиј Хаџијанев - универзитетски професор / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Во услови кога во светот имаме руско-украински конфликт од кој трепери Европа, во време кога имаме кинески експанзионизам на Пацификот и кога на Блискиот Исток САД имаат стратешки интереси, погрешно ќе биде да имаме илузии дека новиот американски претседател ќе се фокусира на Македонија и спорот со Бугарија. Според мое лично мислење вакво нешто нема да се случи бидејќи и Бугарија има свои адути и асови кои вешто ги користи и на дипломатски и на безбедносен план – вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев, коментирајќи ги изборите во најмоќната демократија на светот, САД.

– Не треба да има стравувања дека ќе има промени на политиките на новата администрација во Вашингтон кон Западен Балкан. Тоа е така бидејќи и во едната и во другата опција САД ќе продолжат да го градат и надополнуваат партнерството со Западен Балкан. Доколку победи Трамп, во тој случај неговиот кабинет ќе се фокусира на билатералните односи со земјите од регионот, а како тоа ќе се рефлектира на постоечките конфликти во БиХ, Србија или Косово рано е да се прогнозира. Но, во однос на главните американски политики кон регионов, досега никој од САД не изјави дека ќе го сменат својот фокус или ќе го сменат интересот овде. Верувам дека ќе дојде до промена само во методологијата, односно пристапот кон решавањето на проблемите овде – вели Хаџи Јанев.

Професорот Методи Хаџи Јанев во разговорот во утринската емисија зборуваше и за случувањата во Европа, регионот, но и отворените конфликти во светот.

Повеќе од разговорот со Хаџи Јанев во видеото погоре.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот