ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Детето од рекламите не ги најде тетратките што пишуваат сами, но најде весник што се чита сам

Никола Ивановски -Нине/ Фото: Слободен печат / Драган Митерески

Никола Ивановски – Нине познат како „детето од рекламите“ е осумгодишно момче чии забавни видеа на Инстаграм се вирални. Неговото природно однесување и оригиналност „ги купи“ гледачите. Но кој е Нине? „Слободен печат“ го покани ова детенце да биде гостин во нашата емисија. Никола сака спорт, желба му е да стане фудбалски голман, сака математика и англиски јазик и сè уште е во потрага по тетратки кои пишуваат сами.

– Уште не ги најдов тетратките што сами пишуваат. Јас на ТикТок ги видов и почнав да ги барам. Понекогаш ми е досадно да пишувам и затоа сакав да ги купам – рече Никола за „Слободен печат“.

Овој третоодделенец од ОУ „Гоце Делчев“ од населба Илинден вели дека многу го сака своето маало.

– Имам многу другарчиња, постојано си играме, возиме велосипед, одиме на патека, играме кошарка – раскажува Никола.

Почнал да снима од забава со цел да го изрекламира семејниот бизнис, заедно со неговиот постар брат, но по кратко време сфатиле дека Нине има огромна публика, а прегледите на објавите растеле експресно.

На неговите видеа се појавуваат и две преслатки девојчиња, па овде ни се наметна прашањето дали Нине има симпатија. Од разговорот со него ќе го дознаете одговорот.

Околу начинот на снимање Никола има многу сериозен пристап, како вистински професионалец. За тоа се уверивме и преку рекламата што ја направи за „Слободен печат“.

– Најдов весник што сам се чита – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот