ВИДЕО+ФОТО | Во Шангај се отвори најголемиот „Музеј на Астрономија“ во светот

шангај музеј на асторномија
ФОТО: Fang Zhe / Xinhua News / Profimedia

Најголемиот „Музеј на Астрономија“ во светот се отворил во Шангај, а неговата комплексна криво-линеарна форма била дизајнирана да ја рефлектира геометријата на космосот. Без правилни линии или прави агли користени низ целата структура, таа се формира од три лакови што се преклопуваат и алудираат на орбитите на небесните тела, пренесува „CNN“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ennead Architects (@enneadarchitects)

„Музејот за Астрономија“ во Шангај со површина од 420.000 квадратни метри има изложби, планетариум, опсерваторија и соларен телескоп висок 78 стапки (околу 24 метри). Замислен бил од американската фирма „Ennead Architects“, која во 2014 година победила на меѓународен натпревар за дизајнирање на зградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ennead Architects (@enneadarchitects)

„Навистина мислевме дека можеме да ја искористиме архитектурата како дополнителна вредност врз целото ова искуство. Зградата е наменета да биде ова олицетворение на астрономски инспирирана архитектура“, рекол водечкиот дизајнер и партнер Томас Ј.Вонг во видео интервју.

Со напуштање на правите ѕидови во замена на заоблените, Вонг и неговиот тим се надевале дека ќе покажат дека сè во универзумот е во постојано движење и управувано од низа сили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ennead Architects (@enneadarchitects)

Во дизајнот, Вонг реферира на три форми: окулус, сфера и превртена купола кои ги подражаваат сонцето, месечината и ѕвездите. Секоја сместувала важна атракција за посетителите или хала за гости.

Посетителите најпрво се среќавале со окулусот, кој се отворал над главниот влез на музејот. Дејствувал како часовник, создавајќи круг на сончева светлина што поминувал низ подот во текот на денот, покажувајќи го времето и сезоната.

Следувал планетариумот, кој бил затворен во сфера и излегувал од покривот на зградата како изгрев на Месечината. Долниот дел на огромната структура делувал како да лебди бестежински и под него имало простор за прошетка.

Огромната превртена стаклена купола на врвот на покривот им давала на посетителите можност да го погледнат отвореното ноќно небо.

„Ние сакаме луѓето да го разберат посебниот дух на Земјата како место кое е домаќин на животот, за разлика од кое било друго место за кое знаеме во универзумот“, рече Вонг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот