ВИДЕО+ФОТО | Во древниот потонат Ираклион, нуркачи пронашле нови откритија

хераклеон египет
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Нуркачи откриле остатоци од воен брод во древниот потонат град Тонис/Ираклион кој некогаш бил најголемото египетско пристаниште на Медитеранот, пренесува „Reuters“

Градот, кој го контролирал влезот во Египет на устието на западниот дел на Нил, доминирал во областа со векови пред основањето на Александрија од Александар Велики во 331 година пне. Уништен и потонат од земјотреси и бранови, Тонис/Ираклион бил повторно откриен во 2001 година во заливот Абу-Кир во близина на Александрија.

Воениот брод, откриен во мисија предводена од „Европскиот институт за подводна археологија“ (ИЕАСМ), потонал во вториот век пне. Прелиминарното истражување покажало дека трупот на 25-метарскиот брод со рамно дно, весла и големо едро, бил изграден на класичен начин и имал карактеристики на древно египетска конструкција, соопштило „Египетското министерство за туризам и антиквитети“.

Во друг дел од градот, откриле остатоци од голема грчка погребна област која датирала од првите години на 4 век пне.

„Ова откритие убаво го илустрира присуството на грчките трговци кои живееле во тој град“, рекло Министерството, додавајќи дека на Грците им било дозволено да се населат таму за време на доцните фараонски династии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот