ВИДЕО+ФОТО | Трансформација на векот: Оваа девојка ослабела од 300 кг на 80 кг

амбер ражди
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб-Инстаграм

Британката Амбер Ражди имала 24 години кога тежела неверојатни 300 килограми поради несигурност и секојдневно разочарување од животот.

Амбер не можела да стане од каучот без помош, а најголем проблем ѝ било туширање и излегување надвор. Затоа, таа престанала да излегува, па нејзината сестра ѝ купувала храна и пијалоци. Многу храна и пијалоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Rachdi (@amberrachdi)

И тогаш ѝ се случил пресвртен момент. Тоа не се случило преку ноќ, но по неколку недели и недели состаноци со терапевт, како и разговори со роднини.

Таа се пријавила за ТВ-шоуто „My 600-Lb Life“ каде одлучила да направи трансформација на животот пред камера. Прво прифатила хируршки да го намали стомакот, а потоа започнала да се движи и да вежба. На почетокот, 15 минути, потоа 30, а потоа 60 минути.

Правилната исхрана, теретана и терапевтот направиле чуда. Веќе шест месеци по операцијата, Амбер била полесна за повеќе од 40 килограми, а после тоа губела се повеќе и повеќе килограми од месец во месец.

Една година по операцијата на стомакот, благодарение на нејзината челична волја, Амбер тежела само 130 килограми. Овие денови вагата покажувала само 80 килограми, што е феноменален успех за лице кое размислувало за самоубиство во текот на 2018 и 2019 година.

„Не гледав излез. Започна спонтано, со некои разочарувања од луѓето. Тогаш прерасна во опсесија со храна. Кога достигнав 300 килограми, бев во пресвртна точка. Или ќе се убијам, или ќе ослабам. Немаше трета опција. Тогаш решив да го изберам животот. Само, сменет живот. Денес сум многу среќна личност. Иако сè уште не сум ги достигнала планираните 60 килограми, мислам дека сум блиску. Повторно излегувам, се дружам, одам на факултет и имам партнер. Сакам само една работа од животот – никогаш да не се вратам на старо“, рекла Амбер.

Извор: „Objektiv“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот