ВИДЕО+ФОТО | Почина „ТикТок“ ѕвездата кој беше застрелан во кино со девојка му

тикток инглуенсер пукање во глава
ФОТО: Инстаграм

Пет дена откако бил застрелан во главата на романтичен состанок во кино во Калифорнија, 19-годишната „ТикТок“ ѕвезда Ентони Барахас починал.

Во понеделникот вечерта, 18-годишната студентка Рајли Гудрич, била пронајдена мртва од вработените во кино салата, по пукање додека бил прикажуван филмот „The Forever Purge“, додека Барахас бил однесен во блиска болница. Бил ставен на апарати за одржување во живот, но на крајот им подлегнал на повредите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Michael (@itsanthonymichael)

Осомничниот за злосторството Џозеф Хименез (20) бил уапсен и задржан под сомнение за убиство, обид за убиство и грабеж, соопштила полицијата. Тој бил во притворен со кауција од 2 милиони долари. По смртта на Барахас било додадено убиство од прв степен на обвиненијата.

Полицијата изјавила дека детективите во домот на Хименез пронашле огнено оружје кое одговара на калибарот на оружјето користено во пукањето, како и други докази поврзани со злосторството. „Врз основа на добиените изјави, нема познати мотиви и се чини дека станува збор за неиспровоциран напад“, рекла полицијата.

@itsanthonymichaelTaking applications…drop them:) ##fypシ ##singing ##relationships##couples♬ original sound – Anthony Michael:)

Барахас бил инфлуенсер со скоро 1 милион следбеници на „ТикТок“, кој ќе биде запаметен од семејството како „неверојатен брат, син и пријател“.

Извор: „People“

Видео на денот