ВИДЕО+ФОТО | Најстариот жител на белградската ЗОО има 85 години: Алигаторот Мујa бара женка за парење

Алигатор
Фото: Instagram

Мујa пристигнал во српскиот главен град на 12 септември 1937 година, една година по основањето на Зоолошката градина. Кога пристигнал, тој веќе бил возрасно животно.

И покрај тоа што неговата точна возраст не се знае, алигаторот Мујa од Зоолошката градина во Белград има најмалку 85 години.



И во деветтата деценија од животот, не престанува да ја обележува територијата. Експертите кои се грижат за него велат дека тој сè уште повикува женка за парење.

Тој е единствениот жител на Зоолошката градина кој преостанал од животните што ја преживеале Втората светска војна, кога Белград бил речиси целосно уништен. Неговиот партнер за парење е трагично настрадал во 60-тите години на минатиот век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Foto Labud 📷 (@foto_labud)


Муја е во мошне добра форма. Иако припадниците на неговиот вид се помирни, особено кога се постари, Муја е сè уште активен, особено кога ќе му се донесе храна.

Тој јаде еднаш неделно, и тоа пет-шест килограми месо.

Видео на денот