ВИДЕО+ФОТО | Најголемите ѕвезди од Балканот се збогуваат од Марина Туцаковиќ: Цеца, Карлеуша Брена…

Фото: Принтскрин / Youtube - Instagram

Почина Марина Туцаковиќ, авторка на многу популарни хитови на музичари од поранешна Југославија.

Веста за нејзината смрт ги растажи Балканските ѕвезди кои вчера и денес на социјалните мрежи се збогуваат со својата драга пријателка и соработничка.

Последната желба на Марина Туцаковиќ

Марина Туцаковиќ е родена на 4 ноември 1953 година во Белград. Нејзиниот живот го одбележаа многу среќни, но и болни моменти, а сите тие ги живееше со поддршката и љубовта од својот сопруг Александар Фута Радуловиќ. Марина и Александраг го имаа синот Милан, а нивниот втор син Милош почина во 2008 година.

Туцаковиќ напиша песни за бројни пејачи, а првиот успех го постигна со песната „Додирни ми колена“, која ја напиша за поп групата „Зана“. Песната беше објавена во 1982 година и до ден денес е голем хит. Пишуваше песни за Северина, Оливер, Миша, Магазин, Здравко Чолиќ и многу други.

Балканот се збогува со Марина Туцаковиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

„Занемев! Зад неа е долга, мачна борба! И колку и сите да ја знаевме сериозноста на ситуацијата, јас немам зборови! Замина една извонредна душа, жена која од секоја ситуација создаваше поезија, некој на чија работа никој не остана имун, а ние што ја имавме за пријател, можеме да се сметаме за привилегирани! Марина драга моја, одмори ја душата и знај дека засекогаш ќе бидеш сакана од сите нас“, напиша Цеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

„Маки моја… Барам зборови… Во овој посран живот полн со болка, страдање и тага, ти ја остави најубавата трага… А за тоа претпоставувам дека вредеше да се живее… Ти благодарам за сè“, напиша Јелена Карлеуша во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


„Сите мои песни ги напиша Марина“, продолжи Карлеуша со друга објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Благодарам Марина… Од каде да започнам? „Тихи убица“, „Мој драги“, „Ко ову драму режира“, „Управо остављена“, „Магија“, „Не смем да се заљубим у тебе“, „Инсомнија“, „Још те волим“, „Пуцај у љубав“, „Слатка мала“, „Казино“, „Жене воле дијаманте“, „Само за твоје очи“, „Мушкарац који мрзи жене“, „Ко ти то баје“, „Баш је добро бити ја“, „Иде маца око тебе“, „Крими рад“, „Лудача“ и многу други песни, напишани од Марина… Кога дојдов кај неа со Дивна да ми го прочита текстот за оваа песна која ја слушате, сите три почнавме да плачеме додека таа ги читаше првите стихови… И сега плачам додека го пишувам ова… затоа што не можам да поверувам што пишувам… Многу ми е тешко и сакам да го споделам ова со вас… да знаете дека оваа жена ги одбележа мојата кариера и живот… Ете“, напиша Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Ти благодарам на секој стих! Ќе те памтиме засекогаш! Почивај во мир“, напиша Марија Шерифовиќ.

Фото: Принтскрин/Instagram

„Драга Марина, почивајте во мир… Ви благодарам за сите песни што ни ги одбележаа животите. Среќна сум што во својата кариера имам песна што вие ја напишавте за мене…“, напиша Нина Бадриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

„Драга Марина, незамисливо ми е, дури и по толку години, да составам сет листа без „Странац у ночи“. И вчера, публиката со мене и со бендот ја пееше таа песна најгласно, на концерт во твојот Белград. Немавме идеја какви тажни вести ќе донесе денешниот ден. Засекогаш ќе бидеш тука. Во стиховите. И спомените“, напиша Масимо на својот инстаграм-профил.

Од Туцаковиќ се збогуваше и Жељко Јоксимовиќ…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko)

„Што и да кажам за Марина, ќе биде премалку. Замина нашата поетеса, нашата пријателка и другарка, која беше како скенер за нашите души, знаеше што мислиме и чувствуваме. Веќе никогаш нема да се роди таква жена која сите ја сакавме и почитувавме. Нејзините текстови ќе останат како печат на сите нас, печат за едно време во кое ја имавме најголемата поетеса и пријателка, другарка. Нека ѝ е лесна земјата и нека нè гледа од подобро место сега. Те сакаме Марина и секогаш ќе те сакаме и почитуваме затоа што со своите дела ни го направи животот подобар, каде што твоите зборови ги претворивме во емоција која сите ја чувствуваа. Почивај во мир“, напиша Лепа Брена на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Видео на денот