ВИДЕО+ФОТО | Ким Кардашијан и децата биле на промоцијата на долгоочекуваниот албум на Канје Вест – „Donda“
Ким заедно со нејзините четири деца Норт, Сент, Чикаго и Псалм гостувале на свеченоста организирана на стадион во Атланта за слушање на: со нетрпение очекуваниот албум „Donda“ од Канје Вест, пренесува „TMZ“.
View this post on Instagram
Двојката преминала во ко-родителски однос среде претстојниот развод. На почетокот на оваа недела тие направиле семејно патување во Сан Франциско.
„Одлично се согласуваат и тоа беше нивно прво заедничко излегување заедно како семејство, потврдувајќи дека се ускладени кога станува збор за воспитување и ставање на своите деца на прво место“, изјавил извор од Сан Франциско за „PageSix“.
View this post on Instagram
Минатиот месец Ким зборувала за нејзиниот наскоро-бивш сопруг во специјалната епизода од серијалот „Keeping Up With The Kardashians“.
„Тој беше мој пријател, пред сè, долго време, така што не мислам дека тоа ќе се промени“, му рекла таа на Енди Коен. „Јас засекогаш ќе бидам најголемиот обожавател на Канје. Тој е татко на моите деца. Канје секогаш ќе ми биде семејство“.
View this post on Instagram
Долгоочекуваниот албумот именуван по покојната мајка на раперот ќе биде неговиот 10-ти студиски албум.
Погледнете што има да каже Ким Кардашијан за сопствениот љубовен живот