ВИДЕО+ФОТО | Кетрин Зета Џонс со емотивно видео ја испрати ќерката на факултет

кетрин зета џонс (1)
ФОТО: Инстаграм

Керис Зета Даглас, ќерката на актерската двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас оди на факлутет, а нејзината мајка беше толку трогната од тоа што сподели емотивно видео од детството на Керис.

„Ќерка ми Керис се подготвува за факултет. Керис ги пакува куферите, а јас гледам стари снимки, не кажувајте ѝ дека го објавив ова“, напиша во описот Кетрин, понесена од емоции.

Актерката има две деца со 76-годишниот сопруг Мајкл Даглас: Керис и синот Дилан (21), а во април го прослави големиот 18-ти роденден на својата ќерка, исто така со емотивна порака.

„Среќен 18-ти роденден, Керис Зета! Ти си моето сè. Ти благодарам што ми донесе радост. Во пет часот наутро ми испрати порака со која ми се заблагодаруваш што те родив. Ете каква жена си. Добра“, напиша таа тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот