ВИДЕО+ФОТО | Канје Вест има криза на идентитет: ново легално име и појавувања и настапи под бизарни маски

канје је
Фото: Принтскрин / Instagram

Збогум Канје Вест, здраво „Ye“. Познатиот музичар сега се одзива на име целосно составено од само две букви, откако судија во Лос Анџелес му го одобри барањето за легална промена на името.

По сè изгледа во период на турбулентен развод и фаза на обид за „преродба“, Канје себеси се замислува како новиот „Је“сус. Музичарот, за кој е познато дека има биполарно растројство, се чини дека има нова епизода која директно го погодува неговиот идентитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)

„Верувам дека „ye“ е најкористениот збор во Библијата, и во Библијата значи „ти“. Значи, јас сум ти, јас сум ние, тоа е ние. Сè започна од бидувајќи Канје, што значи единствениот, во само Је што е рефлексија на нашето добро, нашето лошо, нашето збунето, нашето сè. Повеќе е рефлексија на тоа кои сме ние како битија“, изјави Канје во 2018 година.

Истата година тој одјави албум со наслов „Ye“ и се обидуваше да си го наметне тој краток збор како свој надимак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Освен што своето име го скрати од „Kanye“ на „Ye“, а целосно го изостави своето презиме, екстравагантниот музичар во своите скорешни појавувања во јавноста и го сокрива својот идентитет носејќи маски – и не само на концертните настапи.

Канје Вест беше забележан како се движи кон аеродромот во Венеција каде настапуваше на една од најголемите венчавки на годината. Раперот се појави комплетен Баленсијага аутфит, Баленсијага лого кожна јакна и – бела силиконска маска која комплетно ја покрива неговата глава, како и неговите уши, со само мали отсеци за отворите за очите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FEMALE Singapore (@female_singapore)

Подоцна истиот ден Канје беше забележан на аеродромот во Њујорк, но со друга целосна маска, оваа во бледа кожа нијанса, која го криеше неговиот лик, но сепак во истиот аутфит.

Претходната вечер Канје настапуваше за прв пат по три години на венчавката на основачот на „D’Estree“, Жералдин Гујот, и извршниот заменик претседател на „Tiffany & Co“, Александер Арнолт. Свадбата се одржа во Венеција, Италија, и Канје беше еден од ѕвездите кои настапуваа или присуствуваа на настанот, меѓу кои и Џеј Зи и Бијонсе, Квестлав, Фарел Вилијамс и Шик Нил Роџерс.

Канје настапи носејќи црна специјално изработена Баленсијага маска со бизарен и ударен изглед, во која ги изведе „Runaway“ и „Flashing Lights“, но за жал маската го пригушуваше вокалните капацитети на неговиот глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот