ФОТО+ВИДЕО | Еден во милион случаи: Во Велика Британија родени близнаци со различна боја на кожата

Фото: Профимедиа

Медицинската сестра Шантел Бротон (29) во петокот се појави  во емисијата „Добро утро Британија“ со своите близнаци, синот Ајон и ќерката Азира, кои се родени на 30 април. Но, она што е најинтересно е дека двете преслатки бебиња имаат забележително различна боја на кожа.

Фото: Профимедиа

Роден со светла кожа и зелени очи, Ајон потсетува на Шантел, додека Азира, која има кафеави очи и потемен тен, повеќе личи на нејзиниот партнер Ештон.

– На почетокот тоа не беше толку видливо. Тие беа прилично слични по тенот, само се гледаше дека таа е малку потемна – им објаснила новопечената мајка на водителите Кејт Гаравеј и Бен Шефард. „Но, како што одминуваа неделите и месеците, таа стануваше сè потемна и потемна, а тој сè посветол.

– Бевме изненадени. Ја гледате разликата, но не сте навикнати да гледате толку различни близнаци –  додала таа. „Но, ние сме среќни. Ни се допаѓа што тие се малку поинакви и што таа личи на тато, а тој на мене“.

Шантел вели дека нејзиниот партнер Ештон (29), е половина Јамајканец, половина Шкотланѓанец.

Шантел исто така раскажала дека луѓето се фасцинирани од разликата во изгледот меѓу нејзините близнаци.

– Сите се шокирани, навистина. Луѓето ме запираат кога ќе ја видат количката за близнаци, бидејќи изгледа дека сите сакаат да ги видат. Кога ќе ја забележат разликата, прашуваат: ‘Дали се близнаци?’, а јас велам: ‘Да’, тие возвраќаат: ‘Ох, едното дете е темно, а другото светло. Тоа е толку необично, првпат  гледам вакво нешто’ – рекла Шантел.

Меѓутоа, троловите на Твитер не биле толку пристојни. Шантел рекла дека добила пораки од луѓе кои се прашуваат дали и двете деца се нивни и ја обвинуваат дека го изневерила Ештон.

Фото: Профимедиа

– Дали и двете бебиња се негови? – прашал еден корисник, наведува британски „Сан“.

Доктор Амир Кан, кој ѝ се придружил на Шантел во нејзиното појавување во емисијата, објаснил како може да се родат близнаци со различни тонови на кожата.

– Може да се случи два сперматозоиди да оплодат две јајце-клетки. Бојата на кожата се состои од околу 20 различни гени и тоа е случаен избор – она ​​што се наоѓа во еден сперматозоид нема да биде исто како во другиот сперматозоид, а истото е и со јајце-клетките – објаснил д-р Кан.

– Такви работи се случуваат. Тоа е сосема случајно и ретко – околу еден од пет меѓурасни парови ќе доживеат вакво нешто со близнаците – заклучил тој.

Ваквите раѓања се толку ретки што експертите за генетика претходно ги проценија на еден во милион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот