ВИДЕО+ФОТО | Достигнат е Гинисов рекорд: Највисокиот песочен замок во светот изграден во Данска

данска највисок замок песок гинис рекорд
ФОТО: EPA-EFE/Claus Bjoern Larsen DENMARK OUT

Највисокиот замок од песок во светот бил изграден во северна Данска. Замокот во градот Блокус, висок 21,16 метри е за 3,5 метри повисок од последниот Гинисов светски рекорд, постигнат во Германија во 2019 година со 17,66 метри. Замокот има форма на пирамида и во изградбата околу него била направена дрвена конструкција со цел уметниците да направат фигури во песокот, пренесува „The Guardian“.

Околу 4.860 тони песок со приближно 10% додадена глина за посилен материјал биле искористени за изградба на песочниот замок. Дополнителен слој лепак бил ставен на врвот за да се обезбеди замокот и да ја издржи поголемиот дел од зимската сезона.

Замокот бил изграден од 30-те најталентирани скулптори за песок во светот под водство на данскиот уметник Вилфред Стигер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wilfred Stijger (@stijgerart)

Гинисовиот рекорд бил измерен од овластен геодет и потпишан од сведоци. Се очекува да се најде во следното издание на книгата на светски рекорди.

Локалното население го нарекува Блокус „крај на патот“ на северот на Данска и се среќни што нивните локални карактеристики, како што се сурфање на ветер и со змејови, куќи на плажа, риби и светилници се дел од украсите на песочниот замок.

Замокот, исто така ја обележува пандемијата на коронавирусот со фигура, вклучувајќи човек кој спие покрај голем шприц и коронавирусот симболично е претставен како круна на замокот кон која се движат луѓето за да се борат против него.

данска замок песок
ФОТО: EPA-EFE/Claus Bjoern Larsen DENMARK OUT

„Започнавме со короната на врвот и направивме круна затоа што зборот корона значи круна, со двојно значење е, но исто така направивме круна затоа што владее со нашите животи насекаде“, рекол Стијгер, водечкиот уметник на проектот.

Годишниот фестивал на скулптури на песок во Блокус започнувал секое лето и станал традиција на многу од песочните плажи во Данска да се прават уметнички скулптури од песок кои издржувале до доаѓањето на зимските мразови.

Видео на денот