ВИДЕО+ФОТО | Доли Партон и без „Плејбој“ повторно стана „зајачица“

доли партон плејбој
ФОТО: Инстаграм

Легендата на кантри музиката,  Доли Партон (75) го изненадила сопругот Карл Томас Дин со кого е во брак повеќе од пет децении со посебен подарок. Таа ја пресоздаде насловната страница на списанието „Плејбој“ од 1978 година. 

Облечена во зајачки  уши, црн корсет со соодветни ракавици и розова машна, Доли сподели видео на нејзиниот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

„Веројатно се прашувате зошто сум облечена вака. Па, тоа е за роденденот на мојот сопруг”, започна таа во видеото, објаснувајќи ја својата облека. „Се сеќавате некое време наназад, кога реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога имам 75 години? Па, имам 75 и тие повеќе немаат списание, но мојот сопруг отсекогаш ја сакал оригиналната насловна на списанието“.

доли партон плејбој
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Видеото заврши со кадар во кој Партон го изненадува Дин со креативниот подарок. Таа на шега додаде: „Мислиш дека „Плејбој“ треба да плати барем за фотосесијата? Јас, да!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by José Guarín (@ichbinjoseguarin)

Партон се појавила на насловната страница на „Плејбој“ во октомври 1978 година кога имала 32 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот