ВИДЕО+ФОТО | Долгопосакувата желба е исполнета: Среќен роденден Ивона Јо!

Поминаа повеќе од десет месеци од операцијата во Турција, кратење на желудник која нашата млада пејачка и инфлуенсерка Ивона Ивановиќ од Куманово попозната како Ивона Јо ја направи со цел за поздрав и поудобен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Вчера, младата и талентирана пејачка го прослави својот 26-ти роденден, а притоа на своите следбеници им откри дека долги години замислувала една иста желба:

„Секоја година од свој 14 ти роденден имав една иста желба. Да сфатам што сакам во животот и моето здравје се подобри. Успеав! Збогум 25-добро ми дојде 26. Оваа година конечно после 10 години замислив различна желба. Внимавајте што посакувате можеби еден ден ќе тропне на вашите врати. Пс. Ивона горда сум на тебе. За се’ што стори за себе оваа година“ – напиша пејачката во описот на роденденските фотографии.

Семејството и блиските пријатели организираа прекрасно роденденско изненадување и интимна прослава за славеничката збогатено со прекрасна торта, многу балони и украси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

„А што ти треба повеќе во животот? Насмевки неколку околу тебе. Мир. И убави луѓе во душа во твоето секојдневие. Ви благодарам за еден од поубавите родендени во мојот живот. Желбата е замислена!“ – напиша пејачката во описот на роденденското видео.

Ивона Јо е прекрасна млада дама која нема проблем да зборува за себе, за своите успеси и падови, емоционални и физички транзиции. Пејачката со години мотивира и инспирира на социјалните мрежи, споделувајќи лични искуства, помагајќи им на другите полесно и побрзо да се соочат со „своите демони“, да се сакаат и да се борат да видат нова и подобра верзија од самите себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Со внимателен режим на исхрана, физичка активност и голема волја, по операцијата Ивона комплетно го промени својот изглед. Младата пејачка изгледа неверојатно по трансформацијата, а притоа не крие дека ужива во секој момент и во новите здрави животни навики.

Долгопосакувата желба е исполнета: Среќен роденден Ивона Јо!
Видео на денот