Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Што треба да направите со лековите со поминат рок?

Што треба да направат граѓаните со лековите чиј рок е поминат? Каде треба да се фрлат во ѓубре? Дали граѓаните го читаат упатството на лекот или се придржуваат кон тоа што ги советувал лекарот? „Слободен печат“ праша, а граѓаните одговорија.

Лековите во себе содржат хемиски соединенија за кои не се препорачува да се фрлаат во отпад заедно со останатото ѓубре. Странските држави го практикуваат методот на враќање на лековите со поминат рок во самите аптеки, но за жал ова не е пракса и во Македонија.

-Лековите со поминат рок ги фрлам во обичен отпад, немам каде… – изјави еден повозрасен граѓанин.

Испитаниците кои ги прашавме дали ги читаат упатствата и ги чуваат лековите на места што се препорачани во самото упатство, едногласно одговорија дека се придружуваат до насоките.

-Секогаш ги читам упатствата и ги чувам лековите онаму каде што треба, на ладно или на суво – изјави една госпоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот