ВИДЕОАНКЕТА | Што мислите за брзите кредити?

Во последните години продавниците за пари никнуваат како печурки кај нас, маркетинг понудите за тоа дека многу лесно и едноставно можете да позајмите пари се редовни на телевизиските канали, радиостаниците, порталите…  Станаа ли брзите кредити нормална појава во Македонија? Дали нашите граѓани користат брз кредит и за што најчесто им е потребен? Дали и зошто се одлучиле за тоа да земат брз кредит и најпосле какво е нивното искуство, дали би го препорачале брзиот кредит како опција?

„Слободен печат“ направи анкета на оваа тема.

– Јас не сум земал никогаш брз кредит, нели беше тоа едно време нелегално?! Не знам што се случи и како одеднаш почнаа да се рекламираат брзите кредити како нешто нормално и ефикасно. Според мене, тоа е многу голема грешка за општеството. Сите што ги знам што имаат искуство со брз кредит, не поминале лесно – вели еден од анкетираните.

Друга госпоѓа со нас сподели дека еднаш земала брз кредит.

– Моето искуство со брз кредит беше добро, но сигурно за оние луѓе за кои се пролонгира враќањето на парите не е лесно – рече таа.

Погледнете ја целата анкета во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот