ВИДЕОАНКЕТА | „Пливавме“ по скопските улици

Фото: Принтскрин

Врне и започнува и метежот низ главниот град. Автомобили, нервозни возачи, нема автобуси, затнати канализации. „Слободен печат“ ги праша граѓаните како дождот влијае на метежот во градот и како утрово стигнаа на работа?

Најголем дел од скопјани велат дека кога има вакви поројни дождови во Скопје, градот се блокира, метежот во сообраќајот е огромен.

-Мислам дека во иднина надлежените треба да подразмислат малку, како да се регулира овој метеж- вели скопјанец.

Госпоѓа објаснува дека и кога не врне е метеж, дождот дополнително ја комплицира работата.

-Живеам во Автокоманда, а работам во Центар, моето патување до работа беше 35 минути денес-вели скопјанец.

Скопјанка вели дека цел час кружеле по обиколница.

-Тоа беше катастрофа. Секаде беше блокирано- вели таа.

За инфраструктурата на градот велат дека не е соодветна за справување со дождовите.

– Ниту една одводна шахта не работи, улиците „пливаат“ од секаде- вели скопјанка.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот