ВИДЕОАНКЕТА | Користите ли јавен превоз?

Фото: Принтскрин

Доцнат автобуси, нема линии, се исклучуваат автобуси од редовни линии. Јавниот градски превоз е голема болка за скопјани. „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали користат јавен градски превоз и колку се задоволни од него? Најголем дел од одговорите се дека воопшто не се задоволни, нема никаква информација кога и како доаѓаат автобусите, а голем дел од анкетираните најчесто одат пешки.

-Многу чекаме автобуси, автобусите не доаѓаат – вели скопјанка.

Момче од Прилеп вели дека доцнат автобуси, многу е лоша културата и сообраќајот, многу луѓе се собираат во еден автобус.

Анкетираните реагираат и околу цените на ноќните билети.

-Погледнете само, не можете да поминете на улица, по тротоар не можете да газите бидејќи коли се паркирани. Тие наплаќаат пари. Наплаќаат паркинг, а народот треба да оди по улица. Што е во ред во оваа држава? – прашува скопјанец.

Анкетата ја направи нашата колешка Агнеса Чаволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот