Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Колку граѓаните се задоволни од такси услугите?

Колку граѓаните се задоволни од такси услугите? Што мислат за такси превозниците и дали мислат дека нивните услуги се финансиски достапни за секого? „Слободен печат“ праша, а граѓаните го кажаа своето мислење.

Денес, возењето со такси претставува „луксуз“ за поголем дел од граѓаните. Во спроведената анкета, речиси сите анкетирани не преферираат да се возат со такси, односно, тоа го прават навистина ретко.

– Ретко се возам со такси. Регистрираните такси компании се супер, но ако се возите со „диви таксисти“ може и да настрадате – рече еден случаен минувач.

Во поглед на финансиите, граѓаните избегнуваат да се возат со такси поради високите цени.

-Јас сум пензионер, според нашите примања, возењето со такси е скапо – рече анкетираната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот