ВИДЕОАНКЕТА: Кој е најголемиот загадувач на воздухот?
Проблемот со кој граѓаните во Скопје се борат веќе неколку години е загадениот воздух. Слободен печат, спроведе анкета меѓу граѓаните и ги праша кој е најголемиот загадувач и кој и како треба да го реши проблемот.
– Најголемиот загадувач се индустриските капацитети и фабриките. Иако ни се пласираат други информации, дека домаќинствата се тие што најмногу загадуваат, сметам дека придонес дава и сообраќајот нормално, автомобилите – рече еден од граѓаните.
Луѓето јавно го искажаа своето незадоволство од неажурноста на владата и надлежните министерства кои не се грижат за здравјето на граѓаните.
– Мислам дека треба сите да излеземе на протест, затоа што ова системско труење трае со години. Ако не излеземе, ништо нема да се промени – порача една од активистките на протестот која повика на масовност.