ВИДЕОАНКЕТА | Ќе сменат ли нешто изборите во САД за Македонија?

Фото: Слободен печат-Принтскрин

Денеска во САД се одржуваат претседателски избори. „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали ги следат претседателските избори во САД и дали нешто ќе сменат тие за Македонија? Одговорите поделени – некои ги следат, некои не се заинтересирани.

– Да, ги следам, активно ги следам. Доналд Трамп ќе победи, јас сум фан на Републиканската партија – вели еден млад студент.

Според него, републиканците едноставно се подобри од демократите.

– Тоа се гледа од далеку. Беа на власт Демократите со Бајден, тоа беше срамота – вели тој.

Млада девојка вели дека изборите во САД многу не ја интересираат.

– Не сум баш по политика, но мислам дека многу малку би влијаеле за Македонија. Мислам дека би можело да има промена – вели таа.

Младо момче објаснува дека изборите во Америка никогаш не смениле ништо во земјава и нема ни сега ништо да сменат.

– Се работи за глобална политика. Интересите се глобални и воспоставени и зацртани одамна. Така што, дали ќе биде овој претседател или оној, апсолутно ништо нема да се смени – вели тој.

Анкетата ја сними нашата колешка Агнеса Чаволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот