ВИДЕОАНКЕТА | Како загадениот воздух влијае врз бебињата?

Фото: Принтскрин

Во 2021 година над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии низ Европа и Централна Азија починале од причини поврзани со аерозагадувањето. Во Македонија, смртните случаи на новороденчиња поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година, информираат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку се загрижени за влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на новороденчињата и малите деца во Македонија?

 

Одговорите се загрижувачки, сите сметаат дека загадениот воздух многу штетно влијае врз здравјето на сите, посебно на бебињата и на малите деца.

– Да, тоа е многу битен проблем кој мора да се реши – вели пензионерка од Скопје.

Баба на мали деца вели дека како поранешно медицинско лице акушерка, многу е загрижена бидејќи воздухот тука е многу загаден.

– Секако дека сум загрижена, нивните бели дробови се мали, мал капацитет имаат, и мислам дека загадувањето многу им штети – вели скопјанката.

Сите се едногласни и велат дека мора да има мерки пред да почне грејната сезона.

Анкетата ја сними нашата колешка Агнеса Чаволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот