ВИДЕОАНКЕТА | Како влијаат пеколните температури на здравјето?

Фото: Слободен печат/Принскрин

Македонија ја зафати топлотен бран. Неколку денови е во портокалова фаза. Викендов ќе следуваат повисоки температури, а експертите советуваат внимателно движење посебно во период од 10 до 17 часот. „Слободен печат“ ги праша скопјани како им влијае промената на времето и како ги поминуваат пеколните денови и тропските ноќи?
Најголем дел едвај функционираат на вакво време:

-Не можам да функционирам. Телото не ми функционира, мозокот не ми функционира. Ништо не функционира. Уклучуваш компјутер, не работи, бидејќи е претопло- вели млад скопјанец.

Повозрасна госпоѓа вели дека најголем дел од времето го поминува дома под клима.

– Седам под клима, пијам пиво, се разладувам- вели младо момче.

Друг вели дека оди по кафулиња, каде што има клима, кај што прска вода.

-Пречи ваквото време. Имаме проблеми со вратот, не боли грбот- вели скопјанец.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот