
ВИДЕОАНКЕТА | Дали ве изненади снегот?
Снежна белина ја обви Македонија пред неколку денови. Каква беше реакцијата на граѓаните за снегот, дали беа изненадени, дали снегулките предизвикаа радосни чувства меѓу граѓаните и дали оваа година одвоиле буџет кој ќе го искористат за зимување во некој од македонските или регионалните ски-центри? „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали беа изненадени од снегот. Мислењата беа поделени, дел од граѓаните рекоа дека јануари е месец кој асоцира на снег, па затоа не биле изненадени, други пак сакаа да го поминат секој момент на снегот додека тој не се стопил.
Препорачано
-Да, ме изненади пријатно. Баш сега одиме во парк да го видиме уште малку – изјави една млада девојка.
Голем дел од испитаниците, се израдувале на снегот, особено поради тоа што ќе го освежи и прочисти воздухот.
-Па да, убаво е, ќе освежи малку и воздухот да ќе го прочисти, се загушивме со загаден воздух. Убаво е, пријатно е за шетање – рече еден случаен минувач.
На прашањето дали граѓаните одвоиле дел од својот буџет за зимување, добивме позитивни одговори. Дел од нив планираат да зимуваат во некој од македонските ски-центри, а некои и во регионалните.
– Ќе одиме на зимување во Крушево – рече една од испитаничките.